Без нови смртни случаи во Грција, нови 16 заболени

Макфакс

26/04/2020

10:37

900

Големина на фонт

а а а

РЕГИОНБез нови смртни случаи во Грција, нови 16 заболениОбјавено пред 18 минути - 26 април, 2020Од Макфакс Грчките власти не забележале ниеден смртен случај поврзан со коронавирус, додека регистрирани се 16 нови заболени од Ковид-19. Вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата во Грција е 2.506, додека од последици на коронавирусот починале 130 пациенти.

Бројот на тешко заболени од вирусот исто така продолжи да опаѓа, така што вчера на интензивн нега биле 47 пациенти, пренесува АП.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера разговараше со неколку министри за ублажување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Како што додава АП, Мицотакис токму поради тоа утре ќе се обрати во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг