Трамп се правда: Тоа што го кажав за средствата за дезинфекција беше сарказам

Точка

24/04/2020

20:26

3.399

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека бил саркастичен кога зборувал за можноста за вбризгување на дезинфициенси во човековото тело за лечење против коронавирусот.

Трамп претходно предложил истражување на невообичаени методи за лечење на коронавирусот, меѓу кои се и употреба на ултравиолетови зраци и вбризгување на агенси за чистење во телата на пациентите. 

Тој тоа го изнел на прес-конференција, откако му бил претставен извештајот на советникот за наука и технологија на службата за безбедност Вилијам Брајан, во кој се тврди дека ултавиолетовите зраци и топлината имаат моќно влијание на патогените.

Во истражувањето се наведува дека избелувач може да го уништи вирусот од плунката во рок од пет минути, додека исопропил алкохол може да го уништи за една минута.

Таа идеја веќе е отфрлена од медицинската струка, а пулмологот Вин Гупта на каналот NBC News ја предупредил јавноста дека тоа може да има фатални последици.

Реагирале и компаниите кои ги произведуваат овие средства и апелирале никогаш да не се вбризгуваат во човековиот организам ни варикината ни средствата за дезинфекција.