Сингапурското министерство за здравство денес потврди 1426 нови случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден дневен кој во најголем дел е забележан меѓу странските работници кои живеат во работнички населби.
Тамошните власти успеаа да го сузбијат ширењето на коронавирусот со надзор и следење на контактите, поради што посебно ги пофалија од Светската здравствена организација и ги истакнаа како пример за успешна борба против коронавирусот.
Но, болеста се врати во оваа земја и сега третиот бран со голема брзина се шири во големата заедница на мигрантски работници. Поради изостанок на сеопфатните мерки за самоизолација во таа заедница, властите сега го забрзаа тестирањето во населбите.
Со најновите бројки, вкупниот број на заразени во градот-држава од 5,6 милиони жители се искачи на 8,014, а досега како последица на вирусот починаа 11 лица.
Според податоците, Сингапур има најголем број на заразени со коронаавирус во југоисточна Азија.
Точка анкета