Турција ја надмина Кина по бројот на заразени со коронавирус

Макфакс

19/04/2020

23:55

2.212

Големина на фонт

а а а

Во Турција, бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми на 86.306, изјави денеска министерот за здравство, Фахретин Коча.

Турција сега се наоѓа на седмото место во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус и ја надмина и Кина, каде првпат се појави вирусот, пренесува Ројтерс.

Во последните 24 часа, во Турција се пријавени 3.977 нови случаи на ковид-19, со уште 127 мртви, со што вкупниот број на починати достигна 2.017 лица.

Во Турција досега биле тестирани над 634.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг