Шпанија стана трета земја со над 20 илјади починати: 565 лица починаа само во последните 24 часа

Точка

18/04/2020

15:01

1.113

Големина на фонт

а а а

Според последните податоци, во Шпанија во изминатите 24 часа починаа 565 лица, што е за 20 помалку во однос на претходниот ден.

Сепак, со оваа бројка Шпанија, после САД и Италија стана трета земја во светот во која вкупниот број на починати надмина 20 илјади и бројката сега изнесува 20,043.

Кога станува збор за новозаразените, во последните 24 часа се регистрирани нови 887 случаи, со што вкупниот број на заразени во оваа земја се искачи на 191,726, додека досега оздравени се 74,662 лица.

Фернандо Симон, шефот на здравствените служби кој ја води ситуацијата со коронавирусот во земјата, изјави дека Шпанија се ближи кон „пад на епидемијата“, но повика и натаму ситуацијата да се следи со огромна внимателност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг