Зад овој морничав лик се крие еден од најзгодните мажи на светот – го препознавате ли?

Точка

16/04/2020

15:24

4.444

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваниот филм во кој улогата на мафијашот Ал Капоне ја толкува згодниот Том Харди наскоро би требало да го види светлото на денот.

Филмот требаше да го носи називот “Fonzo”, но како што стојат работите моментално, тоа е само работниот назив. Филмот, сега наречен едноставно “Capone” го следи животот на 47-годишниот Капоне кој се бори со деменција по 11 години затвор, а го прогонуваат визии од насилното минато.

Режисерот на филмот, Џош Тренк, го споделил трејлерот на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/joshuatrank/status/1250526708454715392?s=20##

“Том Харди. Капоне. Пристигнува на 12 мај (со друг наслов)”, напишал тој. Засега не е познато како ќе се прикажува филмот, но шансите тој да се најде во киносалите ширум светот се многу мали.

Харди уште во 2018 година објави фотографии на кои позира како познатиот гангстер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг