Универзитетот ФОН се преименува во Американски универзитет на Европа

Макфакс

16/04/2020

11:10

1.506

Големина на фонт

а а а

Првиот приватен универзитет – ФОН од денеска и официјално го менува своето име во Американски универзитет на Европа– ФОН ( American University of Europe – FON ), AUE- FON.

Од Универзитетот велат дека овој процес бил проследен со соодветни акредитации во Македонија, како и меѓународни акредитации во Европа и во САД согласно највисоките образовни стандарди.

„Промените ги најавивме уште на почетокот на годинава на меѓународниот симпозиум по повод денот на образованието 24 јануари, кога беше промовиран и новиот одбор за доверба (board of trustees) во кој учествуваат еминентни претставници од повеќе сфери на општествениот живот: доктори на науки, професори на истакнати Универзитети, добитници на Нобелова награда, поранешни и сегашни раководители на значајни глобални институции како што се (УНЕСКО, ММФ и други) сегашни и поранешни министри за образование (на Франција, Гвинеја, Буркина Фасо, Доминиканска Република), истакнати светски реномирани научници, поранешни тренери и спортисти, фондации и бизнисмени“, велат од ФОН.