Уште еден кинески град, втор по ред, со новиот закон им забрани на жителите да консумираат месо од кучиња и мачки, како одговор на пандемијата на коронавирусот, пренесува „Дејли Меил“.
Џухај, град со 1,7 милиони жители во покраината Гуангдонг, која се граничи со Макао, издал наредба повеќе да не се јаде месо од овие животни, рекол претставник за државните медиуми.
Шенжен е првиот кинески град кој забрани кучиња на трпезариската маса.
Два града, двата во јужната провинција Гуангдонг, ќе ја применуваат забраната од 1-ви мај.
Владините претставници одлуката ја соопштиле на прес конференција во вторникот, пренесуваат кинеските медиуми.
Оние кои ќе ја прекршат забраната ќе мора да платат парична казна до 20 пати повеќе од вредноста на месото.
Овој потег е дел од пошироката забрана за трговија на диви животни во Џухај, како одговор на кризата со коронавирусот.
Градот ќе им забрани на сите ресторани, хотели и фарми да продаваат егзотично месо од 1-ви мај.
Научниците веруваат дека новиот коронавирус е пренесен на луѓето од дивите животни кои се продаваат како храна на пазарите во Вухан, град од 11 милиони жители во централна Кина.