Дури и стаорците, кои се еден од најотпорните видови во природата, почнале да водат брутална војна за да ја преживеат пандемијата на коронавирусот, а воедно станале и голема опасност, бидејќи поради недостигот на храна би можеле да се прошират по куќите и да ги заразат луѓето со некоја од 55-те болести кои ги пренесуваат, пишува New York Post.
Поради затворањето на бројни ресторани, мали бизниси...глувците се соочени со недостиг на храна, стануваат и нервозни, па така, наведува весникот, станува јасно дека сегашната ситуација е погубна за нив.
Тоа е факт, иако и натаму нема извештаи за можно директно влијание на вирусот на глувците.
Стаорците, кои успеале да ги преживеат сите катастрофи последните 160 милиони години, денес се соочени со проблем, а најголем проблем е забележан во Њу Орлеанс, каде луѓето се затвориле во домовите поради епидемијата на коронавирусот, која во тој град на делтата на Мисисипи е двојно посмртоносна по глава на жител отколку во Њујорк, кој е жариште на епидемијата во САД.
Боби Кориган, експерт за глодари, специјализиран за градски глувци, за NBC news потсетил дека само во Њујорк се затворени илјада ресторани, и дека ситуацијата е уште полоша ако се гледа од брег од брег, па дури и од аголот на стаорците.
"Стаорците кои живееле во рестораните или некаде во близина и со децении огледувале генерации на стаорци кои зависеле директно од рестораните, сега имаат проблем, но и неколку избори", вели Кориган.
"Тоа што сега го прават за да преживеат е баш како што го гледавме низ човековата историја, кога човештвото се борело да заземе некоја територија...се бореле до смрт...Во овој случај се борат војски од глувци и најсилните ќе ја освојат територијата и храната", вели Кориган.
"Кога сте многу, многу глади, се однесувате многу лошо, па така и глувците се борат меѓу себе. Возрасните ги убиваат младите и се претвораат во канибали, бидејќи тоа е единствен начин да преживеат", рекол Кориган.
Експертите за Nj.com велат дека одредени градски зони ќе бидат позагрозени од други, посебно таму каде што пред ова имало повеќе глувци.
Тие ги советуваат луѓето во тие средини да внимаваат на изнесувањето на ѓубрето, но и на тоа дека на глувците им се потребни 2 центиметри да се стиснат и да минат низ дупка.
Никој не сака тоа да му се случи, не ги сакаме во домовите, во рестораните, во продавниците, па да добиеме една од 55-те болести кои ги пренесуваат, навеле експертите.