Шведска корона мистерија: Нема карантин, а бројот на заболени е во пад! Водечки научник објаснува сè

Точка

14/04/2020

21:56

20.148

Големина на фонт

а а а

Шведска последните два дена забележала најмал број на смртни случаи од коронавирусот. Вчера од вирусот во таа земја починале 17 луѓе, додека тој број денес уште помал - 12.

Ова е голем пад на бројот на починати во однос на претходните денови, посебно во споредба со средата кога умреле повеќе од стотина луѓе. Од среда до петок, во Шведска секој ден умреле повеќе од 90 луѓе. Покрај тоа, во Шведска се забележува и големо намалување на бројот на нови случаи. 

Во неделата биле пријавени нови 466 случаи, додека денес се регистрирани 332 нови случаи. Во однос на неколку дена претходно, ова е речиси двојно. Да потсетиме, повеќе од 720 нови случаи се пријавени во четвртокот и петокот.

До денес во Шведска се пријавени 10.151 случаи, а 887 луѓе починале. Шведска не се откажува од поблагите мерки. Потсетуваме, за разлика до поголемиот дел од Европа, Шведска не вовела строг карантин, не ги затворила училиштата, кафулињата, рестораните и баровите. На луѓето не им е забрането да излегуваат, но се препорачува да се самоизолираат кога ќе забележат и најмали симптоми на коронавирус.

Собирањето на повеќе од 50 луѓе е забрането. Најзагрозените старосни групи, или луѓето постари од 70 години, се советуваат да не ги напуштаат своите домови и да го намалуваат социјалниот контакт. Остатокот од населението слободно се движи, а Швеѓаните се надеваат дека младата и посилна популација ќе развие имунитет и така ќе ја надмине кризата.

Два дена откако Шпанија на 14-ти март прогласила карантин, Шведска ги советувала своите граѓани да ги мијат рацете и да останат дома ако се болни. Десет дена подоцна граѓаните се советувани да не прават метежи пред кафулињата и рестораните, но тие и натаму се отворени.

"Затворањето на училиштата ќе беше голем удар за здравствениот систем, бидејќи многу негови вработени не би можеле да дојдат на работа, и би морале да седат дома со своите деца. Децата исто така би пателе бидејќи не можат да одат во училиште, а тоа не го сакаме", рекол шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.

Дописникот на CNN од Стокхолм рекол дека на улиците и во подземната железница има многу помалку луѓе и дека е очигледно дека граѓаните се придржуваат до упатствата, но и дека свеста на јавноста многу се разликува.

Додека некои не сакаат ни да ги бакнат своите најмили, други организираат велигденски ручеци и забави. Но, постојат и такви кои воопшто не се согласуваат со шведската тактика.

Неименуван член на владата рекол дека властите не успеале да ги заштитат постарите, за што најмногу се разговарало. Посетите на домовите за пензионери и постари лица се укинати дури на 1-ви април, а сега почнуваат да ја шират заразата, што ќе биде тешко да се спречи. Не е задоволна ни СЗО, која ја повикува Шведска да воведе построги мерки и подобра подготовка за огромниот број на заразени, кој го смета за неизбежен.

"Моментално никој на светот нема точни насоки за тоа како да се бориме со оваа болест. Шведската стратегија не вели дека вирусот е слаб и дека го потценуваме - напротив - свесни сме за ситуацијата, но нема докази дека строгиот карантин, кој, на пример, го има Хрватска, е подобар од нашиот модел. Дури по шест месеци ќе можеме да повлечеме црта и да одлучиме чиј пристап е подобар", рекол за Слободна Далмација шведскиот невролог и анестезиолог Клаес Хултлинг.

Вели дека Швеѓаните по менталитетот се различни од луѓето од Медитеранот и дека Швеѓаните, кога ќе им се каже дека нешто не треба да прават, тие постапуваат во склад со тоа и без построги забрани.

"Не можете да ја уништите цела економија, да ги затворите сите дома и не сте сигурни како таа мерка навистина ќе влијае на епидемијата. Мерката на тотална блокада, сигурно, може да ја уништи економијата и животите на граѓаните да ги погоди полошо од вирусот. Тотален карантин гледаме дека делува во некои земји, но по која цена и до кога ќе се одржува таквата тактика? Нашата стратегија е да го намалиме контактот, посебно на постарите лица и оние со хронични болести. Сите заразени луѓе и сите нивни контакти се ловат, системот е воспоставен така што ги изолира семејствата и пријателите на заразените, а не целокупната земја. Ова засега делува бидејќи Швеѓаните, ако се во изолација, не излегуваат надвор и не ги загрозуваат другите", вели лекарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг