Духови или корона, од што се плашите? Индонезиските власти на необичен начин го одржуваат карантинот во едно село...

Точка

14/04/2020

10:55

1.804

Големина на фонт

а а а

Индонезиските власти се одлучија за прилично нов начин за да се осигураат дека луѓето ќе останат во своите домови во екот на напорите за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Група на млади лица во селото Кепу на островот Јава наводно се координирала со локалната полиција и биле формиран тим на доброволци кои се маскирале во митскиот „поконг“ – дух кој потекнува од фолклорот, а кој ја претставува заробената душа на мртвите.

Како што пренесува „Ројтерс“, младите се надевале дека со ова ќе го зголемат суеверието и ќе ги натераат постарите да останат во своите домови додека коронавирусот брзо се шири низ архипелагот на југоистокот на Азија. Во понеделникот индонезиското министерство за здравство објави бројка од 4,557 заболени и 399 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Најпрвин тамошните власти поставиле кукли маскирани во „поконг“ и таквите напори вродиле со плод, меѓутоа со текот на времето љубопитните селани повторно започнале да излегуваат од своите домови. Поради тоа, организаторите биле принудени да ја променат својата стратегија – се маскирале и спроведувале „поконг“ патроли низ селото.

Началникот на полицијата во селото за тамошните медиуми изјавил: „Жителите се уште немаат свест за како да го сузбијат ширењето на болеста Ковид-19. Сакаат да живеат нормално, па им е тешко да ги следат упатствата за да останат дома“.

Слични методи се применувале и во Малезија. Мухамед Урабил Алиас за локалниот весник „Хариан Метро“ изјави дека се облекувал како дух за да ги исплаши тинејџерите кои се собирале и ги прекршувале воведените рестриктивни мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

„Кога ги објавив фотографиите на Фејсбук, многу луѓе започнаа да паничат, се исплашија и потоа не ги напуштаа своите домови“, изјави Алиас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг