Италија го продолжи карантинот до 3 мај

Макфакс

10/04/2020

12:21

724

Големина на фонт

а а а

Италијанската влада одлучи мерките за изолација, кои истекуваат на 13 април, да ги продолжи до 3 мај, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на извори од синдикатите, додека Министерството за внатрешни работи најави позасилени полициски контроли за време на Велигден.

„СТОП до 3 мај, а потоа ќе илеземе“, е насловната страница на дневниот весник „Ла Стампа“.

„Италија затворена до 3 април“, е насловот, пак, на водечкиот дневник „Кориере де ла Сера“.

Весникот пишува дека Италијанците на календарите со црвен маркер ќе го заокружат датумот 4 мај, ако сè биде во ред.

„Но повозрасните и ранливите категории на луѓе ќе треба да се заштитат значително подолго“, предупредува весникот.

Медиумите наведуваат дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени и продавниците кои не влегуваат во категоријата неопходни за секојдневен живот, како книжарници, а можеби и бутиците со облека за новороденчиња како и фабрики за производство на земјоделска опрема и алат.

Последни ќе отворат, но не се знае кога, баровите, рестораните, кафулињата, училиштата, градинките, стоматолошките ординации, тератаните…



Спонзорирани линкови

Маркетинг