МВР ја најави процедурата за лицата што за време на викенд треба да излезат од карантин

Макфакс

09/04/2020

16:53

817

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи соопшти за процедурата за лицата сместени во државен карантин, на кои тој им истекува за време на викенд, кога има целосно ограничување на движењето.

Процедурата ќе се одвива така што овие луѓе ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лицето и податоци за возилото што ќе дојде да го изврши транспортот.

Од МВР појаснуваат дека полицајците имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото што ќе дојде по оној што го напушта карантинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг