Драма на траект во Индонезија: Неколку патници скокнале во море од страв дека членовите на екипажот се заразени со коронавирус

Точка

09/04/2020

14:08

1.550

Големина на фонт

а а а

Неколку патници на индонезиски траект скокнале во море и отпливале до брегот откако властите се обиделе да го блокираат закотвувањето на ова пловило поради сомнение дека неколку членови на екипажот се заразени со коронавирус.

Траектот останал блокиран при обидот за премин во пристаништето Маумер на источниот остров Флорес, поради страв дека тројца членови на екипажот ги заразиле патниците, известува Reuters. Меѓутоа, неколку патници скокнале во морето и отпливале до брегот, не сакајќи да бидат изложени на заразата, но ни во карантин на бродот. 

"Ги молиме патниците да соработуваат во склад со здравствените протоколи пред излегувањето од бродот и да се воздржат од било какви акции кои може да бидат штетни", рекол Висну Хандоко, службеник во министерството за сообраќај, непосредно пред неколку патници да скокнат во морето.

Траектот пренесувал 255 патници, во главно работници кои се враќале дома од Малезија, откако соседната земја ги затворила границите поради коронавирусот. Сепак, на крајот на траектот му било дозволено да се закотви на пристаништето, а патниците биле сместени во карантин на копно.

Инаку, Индонезија досега забележала 2.956 случаи на коронавирус и 240 смртни случаи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг