Игало посочи тројца играчи на Манчестер Јунајтед кои му помогнале побрзо да се адаптира во клубот

Дерби

09/04/2020

13:24

998

Големина на фонт

а а а

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Одион Игало посочи тројца играчи кои му помонгале побрзо да се адаптира во новата средина.

Нигериецот истакна дека Давид Де Хеа, Серхио Ромеро и Хуан Мата му помогнале многу по неговото доаѓање од Кина и посочи дека нив ги смета за браќа.

– Има многу лица кои ми помогнаа. Момците во соблекувалната се навистина добри. Првиот пат кога влегов во соблекувалната бев воодушевен. Имаше двајца-тројца играчи кои се погрижија да се чувствувам добредојден. По два-три дена почнавме да живееме како браќа, се чувствував како да сум тука пет години. Посебно ми беше добро со Хуан Мата, Давид Де Хеа и другиот голман, Ромеро, затоа што тие зборуваат шпански,а и јас зборувам шпански, - изјави Одион Игало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг