Баерн го продава Мануел Нојер?

Макфакс

09/04/2020

13:21

814

Големина на фонт

а а а

Долгогодишниот голман на Баерн Минхен Мануел Нојер би можел да добие дозвола да го напушти клубот. Челниците на Баерн биле незадоволни и разочарани од неговиот однос кон клубот.

Преговорите на Нојер и Баерн околу новиот договор завршиле по само четири минути. Голманот бил незадоволен што клубот му понудил соработката да ја продолжи до 2023 година. Нојер барал договор до 2025 година, односно имал желба кариерата да ја заврши во Баерн.

Баварците веќе донесоа еден голман за наредната сезона. Во Минхен како слободен играч треба да пристигне голманот на Шалке Александер Нубел.

Ноер и со ова одлука на клубот не се согласува, јавно изјави дека нема намера да биде резерва ниту на натпреварите во Купот на Германија.

Нојер се поврзува со Челси, но неговиот став е јасен не сака да замине од клубот во кој пристигна пред девет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг