„Тоа ќе биде можност да се помолиме за цел свет“ – Бочели пред концертот во празната катедрала во Милано испрати важна порака

Точка

09/04/2020

12:23

1.350

Големина на фонт

а а а

Популарниот Андреа Бочели, многумина израдувал бидејќи објавил дека за Велигден сепак ќе настапува, но во празната Миланска катедрала, пренесуваат странските медиуми.

Тој негов настап ќе може да биде проследен по пат на Јутјуб, а како што истакнал самиот со тоа сака да им овозможи на сите една заедничка молитва во овие тешки времиња.


„Тоа нема да биде концерт, туку можност за сите заедно да се помолиме. Молитва за Милано и целиот свет. Соочени со целосно болни, тажни ситуации, сакаме да испратиме порака за Велигден, порака за љубов и искупување.

Луѓето ќе бидат поврзани благодарение на интернетот, обединети со суптилна врска која што е посилна и од секоја привидна далечина“ – објаснил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг