СЗО потврди дека во Северна Кореја нема заразени од коронавирус

Макфакс

09/04/2020

10:43

657

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 500 луѓе се ставени во карантин во Северна Кореја, но досега не се потврдени случаи на зараза со Ковид-19, иако земјата се граничи со две држави во кои болеста е широко распространета – Кина и Јужна Кореја, изјави Едвин Салвадор, претставник на Светската здравствена организација задолжен за Северна Кореја.

Во таа земја, 709 лица се тестирани за новиот вирус, вклучувајќи 11 странски државјани и 698 државјани на Северна Кореја, но ниту еден не е заразен, изјави Ел Салвадор за Си-ен-ен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг