Преседан по 30 години: Половина милијарда луѓе би можеле да се најдат на раб на егзистенција

Точка

09/04/2020

10:01

1.504

Големина на фонт

а а а

Економските последици од кризата поради коронавирусот би можеле да ја зголемат сиромаштијата кај половина милијарда луѓе на светот.

Ваквото предупредување потекнува од студијата на Обединетите нации за финансиските и човечките загуби поради пандемијата. Податоците покажуваат дека за првпат по 30 години ќе дојде до зголемување на сиромаштијата на глобално ниво, пренесува “BBC”. 

За потсетување, Светската банка даде прогноза дека само во Кина ќе се најдат 25 милиони луѓе на раб на егзистенеција.

Ширум планетата се чувствува голем притисок од актуелниот вирус, па така една алка во синџирот повлекува други. Модните брендови ги откажуваат нарачките од земјите како што е Бангладеш, каде повеќе од милион работници работат во фабрики за текстил. Тие сега остануваат без работа, а со самото тоа и без приходи.


САД бележат незапаметени цифри кога станува збор за бројот на откази, односно граѓани кои бараат парична помош врз основа на невработеност. Според најновите податоци, најзагрозена група се жените, помладите лица па дури и здравствените работници.

Богаташите сега донираат пари на банките за храна, меѓутоа милиони Американци како и луѓе од останатите делови од светот, и пред коронавирусот немаа пристап до најосновните нутритивни намирници.

Извештајот на Обединетите нации е направен во пресрет на клучните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд следната недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг