‘Црни’ прогнози – карантин во светот до средината на летото!

Точка

08/04/2020

14:45

5.588

Големина на фонт

а а а

Врвот на растот на бројот на заболени луѓе од коронавирусот во светот штотуку претстои, а карантинот би можел да потрае до средината на летото, покажува моделот кој го направиле од американската консултантска компанија „Boston consulting group“.

Карантинот и затворањето на границите поради пандемијата би можел да остане на сила дури и во најразвиените земји во светот до последните седмици од месец јули според најлошото сценарио, а според најдоброто сценарио до средината на месец јуни, наведуваат од компанијата.

Прогнозите на експертите кои што ги правеле овие анализи, велат дека врвот на новозаболени луѓе во САД ќе биде во првата седмица од месец мај, додека пак врвот на заболени луѓе во Велика Британија се очекува во третата седмица од месец мај.

Во тоа време, врвот на заболени пациенти од епидемијата ќе биде и во Бразил, која моментално е една од ретките земји кои што воведоа мерка целосен карантин во поедини области и ограничување на движењето на граѓаните.


Во Франција, епидемиолошката крива ќе ја достигне највисоката точка во третата седмица од месец мај, според моделот на компанијата, иако ова е една од земјите кои што се најдобро рангирани досега во борбата со кризата.

Врвот на епидемијата во Русија ќе биде во првата седмица од месец мај, додека пак во Индија се очекува дека тоа ќе се случи во третата седмица од месец јуни.

Аргентина најголем број на заболени би можела да очекува во четвртата седмица од месец мај, Германија во првата седмица од месец мај, а Австралија во втората седмица од месец мај.

Во Канада најмногу заболени се очекува да има во првата седмица од месец мај, во Шпанија во четвртата седмица од месец април, како и во Полска, додека пак во Мексико се очекува тоа да се случи во третата седмица од месец април, како и во Белгија и Италија.


Во Норвешка и Шведска најлошото сценарио помина во текот на четвртата седмица од месец март, сметаат експертите, а во ЈАР се очекува најголем раст на заболени да има во првата седмица од месец јуни.

Ова истражување опфатило 20 држави, а меѓу анализираните земји биле: САД, Велика Британија, Франција, Русија, Индија, Германија, Аргентина, Кина, Австралија, ЈАР, Италија, Шведска, Норвешка, Белгија, Канада, Шпанија, Мексико, Полска и Колумбија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг