Во светот повеќе од четири милијарди луѓе се во карантин

Макфакс

08/04/2020

11:50

343

Големина на фонт

а а а

Повеќе од четири милијарди луѓе во околу 100 земји и територии се во принуден или предложен карантин за цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објави агенцијата „Франс прес“, повикувајќи се на официјални податоци.

Тоа е повеќе од половина (околу 52 проценти) од светската популација. ООН проценува дека 7,77 милијарди луѓе живеат во светот. Кинеската провинција Хубеи и градот Вухан, каде започна пандемијата, беа првите области ставени во карантин, воведен кон крајот на јануари.Овој регион постепено започна да ги олеснува ограничувањата на движењето.

Повеќе од 500 милиони луѓе беа ставени во карантин на 18 март, повеќе од една милијарда на 23 март, повеќе од две милијарди на 24 март и повеќе од три милијарди на 25 март.Синоќа, на 7 април, 4.06 милијарди луѓе се наоѓале во карантин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг