Сончево и топло со температури до 21 степен

Макфакс

08/04/2020

09:46

443

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.

Следува период на стабилно, претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. До четврток утринските температури на места ќе бидат под нулата. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг