Лук Шо опиша како се однесувал Ибра во Јунајтед и додаде: Прашајте било кој од играчите и ќе ви го кажат истото

Дерби

07/04/2020

15:19

2.024

Големина на фонт

а а а

Лук Шо го навлече гневот меѓу фановите на Ливерпул со изјавата со која побара Премиер лигата да ја поништи оваа натпреварувачка сезона, но во видео разговорот кој го водеше со луѓето од ФИФА, левиот бек на Манчестер Јунајтед го избра играчот кој оставил посебно влијание кај него.

Станува збор за Златан Ибрахимовиќ, фантастичниот шведски напаѓач кој мина две години на „Олд Трафорд“, период кој бил доволен на Лук Шо да сфати дека популарниот Ибра е неверојатен фудбалски победник, без разлика на тоа дали станува збор за официјален натпревар, или за пријателска пресметка на тренинзите меѓу соиграчите.

– Неговото искуство многу брзо имаше големо значење на тренинзите, тој беше луд, тој беше она што му треба на тимот и на соблекувалната. Навистина беше неверојатно, и натаму има огромен талент и покрај тоа што е постар. Најголемо влијание имаше во соблекувалната, многу се шегуваше со сите, но кога требаше да биде сериозен, веднаш сфаќавте дека нема играње. Тој е роден победник, дури и на натпреварите на тренинзите. Ако не победиш, а си во неговиот тим, апсолутно ќе те убие. Тој го извади најдоброто од сите нас, луѓето не можат да видат што прави на тренинзите, а таму навистина има големи барања. Не сакате да бидете во неговиот тим и да загубите. Може да прашате секој во тимот за ова, таква беше ситуацијата. Сепак, сите многу го сакаа и беше огромно разочарување што заработи тешка повреда, – вели левиот бек на Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг