Французите на праг на спасување на светот – на плажите во Бретања постои животно чии молекули можат да се ‘борат’ со коронавирусот

Точка

07/04/2020

11:32

10.797

Големина на фонт

а а а

Сè започна од лилјаците во Вухан, а човекот сега можеби ќе може да го спасат морските глисти од атлантските плажи во Бретања...

Француските научници, многу сериозно ја истражуваат можноста дека состојките од крвта на ова животно би можеле да му помогнат на човекот во борбата против најтешкиот облик на коронавирусот, а целта е да се избегне приклучувањето на луѓето на респиратори.

Првите испитувања директно на луѓето ќе се прават оваа седмица.

Молекулите од крвта на глистите апсорбираат 40 пати повеќе кислород од човечкиот хемоглобин, што е исклучително добра можност да им се помогне на луѓето кои што имаат големи тешкотии со дишењето.

Се истакнува дека не постојат проблеми во компатибилноста на човечката крв и молекулата на крвта од ова животно кое што е долго од 10 до 15 центиметри и кое што воглавно живее во песокот на плажите.


Лабораторијата „Хамерина“ од местото Морле, врз основа на состојките од крвта на морската глиста, изолирала “транспортер кислород“ низ човечката крв.

Сега, овие молекули директно ќе се ставаат во крвта на луѓето за тие да се изборат со кобниот исход на Ковид-19.

На оваа идеја дошол биологот Франк Зал којшто раководи со споменатата лабораторија, а кој изгубил веќе двајца пријатели од оваа опасна болест.

Во тоа му помага и професорот Лоран Лантијер, шеф на одделението за пластична хирургија во париската болница „Жорж Помпид“...

Оваа нова терапија ќе ја примат десет доброволци во две париски болници, „Жорж Помпид“ и „Питије Салпетријер“, а Националната агенција за безбедност дала согласност за овој лек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг