Европа го повлекува карантинот против коронавирусот: Земјите ги релаксираат мерките против вирусот, новите податоци за заболени им одат во прилог

Точка

06/04/2020

18:16

5.408

Големина на фонт

а а а

Додека Британија и Америка почнуваат да прават планови за животот по корона, инспирација може да побараат во европските земји во кои кризата веќе е својот пик.

Австрија денес станала првата земја која поставила детални планови за стопирање на ограничувањата во движењето, со тоа што помалите продавници ќе бидат повторно отворени на 14-ти април, а поголемите на 1-ви мај. 

Данска исто така планира да почне со укинување на ограничувањата по Велигден, но сака луѓето да "работат малку поопуштено" за да се избегнат метежи во возовите и автобусите.

Во меѓувреме, Германија е подготвена повторно да ги отвори училиштата на регионална основа и да дозволи ограничен број на луѓе да одат во ресторани ако степенот на инфекција остане доволно низок.

Во Италија, која е подолго време е во карантин отколку било која друга европска држава, властите зборуваат за "фаза два" во која општеството учи да живее со вирусот, носејќи маски и правејќи тестови.

Италија и Германија се меѓу државите кои мислат да воведат следење на паметните телефони, што би им овозможило да реагираат на нови жаришта, а да не ја укинуваат слободата на движење.

Сите тие земји, заедно со Шпанија, забележале знаци на подобрување во своите неодамнешни бројки кои даваат надеж дека таа криза го минала својот пик. Тој момент допрва треба да дојде за Велика Британија и Америка, кои очекуваат една од најлошите недели.

Меѓутоа, сите здравствени службеници ширум Европа предупредуваат дека животот не може да се врати од 0 на 100 веднаш и дека многу мерки ќе останат на сила барем уште неколку недели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг