Полицискиот час го прекршиле 72 лица, шестмина не ја почитувале целосната забрана во Куманово

Макфакс

06/04/2020

10:36

419

Големина на фонт

а а а

Изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, на територијата на целата држава полицискиот час го прекршиле вкупно 72 лица, при што биле приведени 59 од нив, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На подрачјето на Куманово, каде имаше целосна забрана за движење за време на викендот, регистирани се шест прекршувања на мерката.

Според статистичките податоци, изминатото деноноќие (5/6 април) на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг