Петер Сијарто утре во работна посета на земјава

Макфакс

05/04/2020

17:00

973

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, утре, на негова иницијатива ќе пристигне во работна посета на земјава, за време на која предвидени се средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со други високи претставници.

Соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Северна Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.

Воедно за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија. 

Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија. 

По средбата, министрите Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг