Каевски: „Од Буџетот ќе се исплаќаат по 14.500 денари за април и мај за спортистите и спортските работници“

Точка

05/04/2020

13:23

1.344

Големина на фонт

а а а

„Владата вчера донесе уредба со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка од Буџетот во износ од 14.500 денари за спортистите, стручните лица и спортската администрација за април и мај годинава“.

„Исплатата ќе се врши врз основа на статус на вработено или ангажирано по договор лице во клубови и национални спортски федерации кои имаат решенија за вршење дејност во спортот. Со неа ќе бидат опфатени сите лица кои со било каков договор се ангажирани во федерациите и во клубовите“ - вели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

„Вонредните времиња, бараат вонредни мерки. Токму затоа во изминатите недели бевме насочени кон креирање пакет мерки и уредба која ќе помогне спортот да се одржи во вакви тешки времиња. Ова е главна мерка која значи директна помош од 14.500 денари за април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници со цел да се зачуваат нивните работни мести и олеснување на работниот процес во овие кризни времиња“ - изјавил Кавески на денешата прес-конференција во Владата. 

„Сите лица кои спаѓаат во оваа категорија, до 15-ти април треба по електронски пат да достават барања за исплаќања на финансиска поддршка до националната спортска федерација, а националните спортски федерации во рок од седум дена да ги достават барањата со потребната документација до Агенцијата за млади и спорт (АМС). 

Формуларот за барањето и целокупниот процес ќе биде објавен на веб-страницата и јавните гласила на АМС и националните спортски федерации“ - појаснува Каевски. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг