Легендарниот Тони Паркер влегува во фудбалот и добива моќна улога во француски гигант

Дерби

05/04/2020

12:41

1.853

Големина на фонт

а а а

Легендарниот француски кошаркар, Тони Паркер би можел во иднина да добие моќна улога во францускиот фудбал.

Паркер кој во моментов е сопственик на клубот Асвел би можел да ја добие претседателската позиција во редовите на Лион.

„Л’Екип“ јавува дека сегашниот претседател на клубот, Жан Мишел Аула планира да му понуди на Паркер да седне на претседателското столче кога тој ќе се повлече од позицијата во 2023 година. 

Се уште не се знае дали Паркер е подготвен да се нафати на оваа функција, а се ќе биде многу појасно во следниот период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг