Од коронавирусот заразена и бремената вереница на Борис Џонсон: Кери Симондс не станува од кревет веќе 7 дена

Точка

04/04/2020

20:45

4.350

Големина на фонт

а а а

Кери Симондс (31), бремената вереница на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, заразена е од коронавирусот.

Симондс рекла дека лежи во кревет веќе 7 дена, со симптоми од опасниот вирус од кој заболел и премиерот.

„Веќе седум дена сум во кревет со сите симптоми на коронавирусот. Не почувствував потреба да бидам тестирана и после седум дена одмор се чувствувам подобро“, напишала таа на социјалните мрежи.


Додала дека е загрижувачки кога трудница ќе заболи од коронавирусот.

Инаку, во Велика Британија досега се заразени 41.903, а починале 4.313 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг