Дизни привремено ослободи дел од своите вработени во САД. Не е јасно колку точно луѓе се опфатени со одлуката и колку ќе трае неплатениот одмор, пренесе „Волстрит журнал”.
Принудниот одмор почнува на 19-ти април, при што луѓето ќе можат сѐ уште да го користат здравственото осигурување, како и обесштетувањата поради кризата.
Претходно компанијата соопшти дека извршните директори Боб Игер и Боб Чапек си ги намалиле платите. Намалувањето на приходите се должи, пред сѐ, на затворањето на забавните паркови Дизниленд во Калифорнија и Дизниворлд Рисорт во Флорида поради распространувањето на коронавирусот.
Првично, се очекуваше работата на парковите да продолжи кон крајот на март, но вонредната состојба сѐ уште трае.