Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, па ќе преовладува променливо облачно време, попладне во јужните делови со локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаба магла, во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.