Никола Димитров: Честитките од Италија во овие тешки моменти е доблест и доказ за пријателство

Точка

26/03/2020

19:21

1.508

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, денес имал телефонски разговор со својот италијански колега, Луиџи Ди Мајо, и тоа по барање на италијанската страна, соопштиле од министерството.

Италијанскиот шеф на дипломатијата Луиџи Ди Мајо, и покрај тешката ситуација, сакал на македонскиот народ да му честита за отпочнувањето на престапните преговори со Северна Македонија. 

Димитров му се заблагодарил на својот италијански колега за континуираната поддршка, но и за вниманието кое го добиваме во Италија во нејзините најтешки моменти, предизвикани од пандемијата, пренесува Слободен Печат.

Никола Димитров потенцирал дека ова големо достигнување на Северна Македонија истовремено е и успех на Италија, но и на самата Унија.

Македонскиот министер за надворешни работи изразил длабоко сочувство до италијанските граѓани за големиот број на жртви, а упатил и желби за закрепнување на оние кои се борат со болеста, како и што поскоро надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешко моменти.

"Да се честита успехот на пријателите во време кога самите проаѓате низ исклучително тешки моменти, не само што е голема доблест, туку и доказ за цврстото македонско-италијанско пријателство" оценил Димитров по телефонскиот разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг