Сноуден предупредува: „Мерките за контрола врз луѓето во текот на пандемијата би можеле да останат засекогаш“

Точка

26/03/2020

17:13

3.421

Големина на фонт

а а а

Сноуден предупредува на користење на вештачката интелигенција во следењето на луѓето.

Следењето на луѓето во текот на пандемијата на коронавирусот би можело подоцна да се претвори во апсолутно кршење на приватноста на луѓето и човековите права, предупредува најпознатиот светски свиркач Едвард Сноуден.

„Кога државата и владата чувствуваат моќ која што доаѓа со засилен надзор и следење на луѓето – тие таа моќ ќе настојуваат да ја задржат“ – вели Сноуден.

Следењето на локациите на корисниците, камери за препознавање на лицата базирани на вештачка интелигенција, термални камери, апликации за надзор, се само некои од начините на кои што државите ги контролираат луѓето кои ја кршат изолацијата и карантинот.

Кратката суспензија на цивилните права лесно може да продолжи и месеци по кризата. Големо прашање е дали државите ќе се одречат од својата моќ која што ја добиле и за која што имаат голема поддршка од јавноста.


„По завршувањето на пандемијата истите алати можат да продолжат да се користат за на пример во борба против тероризмот, но и за следење и шпионирање на политичките непријатели и други држави“ – вели Сноуден.

Тој особено предупредува на користење на вештачката интелигенција во следењето на луѓето – уредите за препознавање лица на државите им даваат неверојатна моќ во секој момент да знаат каде одредени луѓе се наоѓааат.

Приватноста на луѓето е во втор план...

„Властите веќе знаат што пребарувате на интернет. Веќе знаат каде се движи вашиот телефон. Сега ја знаат и вашата брзина на отчукувањето на срцето. Што ќе се случи кога сите заедно ќе почнат да користат податоци и да применуваат вештачка интелигенција за сето тоа?“ – прашува Сноуден.

Не пропуштајте: Полска со одлично решение – доколку не испратиш селфи фотографија, полицијата е на врата, доколку излезеш од карантин...




Спонзорирани линкови

Маркетинг