СЗО: САД следниот епицентар на коронавирусот

Макфакс

25/03/2020

22:35

2.012

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави се на пат да станат следниот епицентар на коронавирусот, но светските здравствени власти веруваат дека има уште време да се спречи тоа сценарио.

„Иако бројот на заболени и луѓе што умираат секој ден се зголемува, сепак ја имате можноста да го смените тоа. Имате најдобри лекари на светот, луѓе што може совршено да ја користат технологијата“, изјави портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис.

Формулата за успех е тестирање на луѓето, пронаоѓање на секој случај, идентификација на лицата што дошле во контакт со оние што се заразени, изолација на болните или изложените на вирусот и карантин, додава таа.

Харис претходно рече дека САД имаат потенцијал да станат следниот епицентар на коронавирусот поради големиот број новозаболени. Повеќе од 800 Американци починале од вирусот, а инфицирани се 60.000 луѓе. Повеќе од половина од населението во САД се во изолација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг