Путин донесе одлука: Следната недела во Русија - неработна

Точка

25/03/2020

17:13

2.031

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, објавил дека следната недела на територијата на цела земја ќе биде неработна за сите вработени, иако аптеките, продавниците, болниците и меѓуградскиот превоз, како и останатите услужни центри ќе продолжат со работа.

Тој рекол дека таа мерка е неопходна поради ширењето на коронавирусот. 

"Ова ќе придонесе да се намалат ризиците од ширењето на коронавирусот. Најважно е моментално сите да останат дома", истакнал Путин.

Тој исто така навел дек Русија моментално излегува на крај со коронавирусот, но дека заразата е секаде околу неа, па ќе биде тешко во целост да се спречи вирусот да продре во земјата.

Путин предложил и да се откаже гласањето за уставните измени и додал дека за новиот датум дополнително ќе се дискутира.

Како што претходно пренел портпаролот на Кремљ, Путин би требало да го посети Санкт Петербург, меѓутоа, посетата е одложена за утре.

Потсетуваме, бројот на заразени со коронавирус во Русија пораснал за 163 и достигнал 658 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг