Оптимистични најави од првиот човек на Далас: По многубројните разговори со експерти, продолжение е можно…

Дерби

24/03/2020

12:48

916

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Далас Маверикс, Марк Кјубан посочи дека има оптимизам дека НБА лигата би можела да продолжи кон средината на месец мај.

Коронавирусот зададе огормни проблеми ширум светот, а имуна не остана ни најсилната кошаркарска лига која беше прекината на 11 март откако позитивен на коронавирусот беше, Руди Гобер од Јута.

Кјубан посочи дека по разговорите со многу експерти, се појавила тронка надеж дека лигата би можела да продолжи кон средината на јуни.

– Никој не може да ви каже со сигурност, но по многубројните разговори со експертите мислам дека во деновите пред или по 1.јуни е можно продолжение. Јас би рекол и во деновите претходно. Можеби тоа нема да е со присуство на навивачи, но важно е да се игра, улогата на спортот е огромна, -изјави Кјубан.

Доколку ситуацијата во светот не се смири, постои опција лигите да не се завршат и тоа нешто ќе доведе до огромни финансиски последици за клубовите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг