Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус постигнал договор со тројца од своите играчи за продолжување на соработката.
Џанлуиџи Буфон, Џорџо Кјелини и Блаз Матуиди си пуштиле рака со управата на Јувентус и ќе останат во клубот и во иднина.
Актуелните договори на тројцата фудбалери истекуваат на 30 јуни, но како што пренесува „Goal“ тие дефинитивно ќе останат во Торино и следната сезона.
Легендарниот Буфон оваа сезона има 11 настапи во дресот на Јувентус, а се очекува и следната сезона да биде втора опција во торинскоиот клуб.