29 нови случаи: Бројката на заразени од коронавирус во Македонија се искачи на 114

Точка

22/03/2020

12:30

6.366

Големина на фонт

а а а

Бројот на новозаболени од „Ковид-19“ во Македонија во последните 24 часа скокна за 29, па сега вкупно има 114 заразени.

Министерот за здравство Венко Филипче предмалку на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ потврди дека во земјава се регистрирани нови 29 случаи на заболени од коронавирус во Македонија.


„Во изминатото дено-ноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна - добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите“, напиша Филипче на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг