Ситуацијата ескалира и во Турција: Се воведува полициски час, бројот на новозаразени од коронавирус скокна од 277 на 947

Точка

22/03/2020

11:44

3.487

Големина на фонт

а а а

Бројот на починати како последица на коронавирусот во Турција во последните 24 часа се зголеми од 9 на 21, а бројот на потврдени случаи исто така драстично скокна од 277 на 947, соопшти турскиот министер за здравство.

Министерот Фаретин Коча соопшти дека во последните 24 часа во Турција биле извршени 2953 тестови на коронавирус.

„Ги предупредуваме нашите стари лица. Ризикот на смртност се зголемува со годините“, изјави турскиот министер за здравство.

Турција воведе и делумен полициски час кој се однесува на граѓаните постари од 65 години и хронично болните.


Од турското министерство за внатрешни работи вчера соопштија дека сите угостителски објекти храната можат само да ја доставуваат или да им овозможат на граѓаните да ја земаат пред самите локали, односно храната да не се служи во самите ресторани.

Турција исто така вчера привремено ги забрани летовите од уште 46 земји, меѓу кои и Македонија, откако претходно беа забранети летовите од 22-те најпогодени земји од епидемијата на коронавирусот.

Турските власти од претходно ги затворија училиштата, кафетериите и баровите, ги забрани масовните молитви во џамиите, пикниците и собирите, а исто така и на неодредено ги одложи натпреварите во своите главни спортски првенства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг