Ситуацијата во Шпанија се влошува: За еден ден речиси 5 илјади новозаразени, над 1,600 пациенти на интензивна нега

Точка

21/03/2020

17:14

4.698

Големина на фонт

а а а

Во Шпанија за само 24 часа се регистрирани нови 5 илјади заразени со коронавирусот, што после Италија и Кина ја прави оваа земја трета најпогодена во светот.

Шпанските власти денес соопштија дека вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 24,926 лица, а бројот на смртни случаи изнесува 1,326. Повеќе од 1,600 пациенти се наоѓаат на интензивна нега, а властите признаваат дека тој број е границата и дека повеќе нема слободни места во одделенијата за интензивна нега.

Главниот град Мадрид е најтешко погоден со речиси 9 илјади случаи на заболени од коронавирус.

Инаку, во Шпанија веќе една седмица се на сила посебни мерки кои го ограничуваат движењето на граѓаните, а најголемиот дел од продавниците се затворени.

Шпанските власти признаа дека и покрај воведените мерки, сепак се очекува раст на заболените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг