Важноста на личните документи продолжува до завршување на вонредната состојба

Точка

20/03/2020

19:58

1.735

Големина на фонт

а а а

Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.

„Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот“, истакна Чулев.

Министерот информираше дека со законска сила донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.

На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг