Филипче: Во Македонија има 70 заразени со коронавирус, еден пациент е во критична фаза

Нетпрес

20/03/2020

15:29

5.050

Големина на фонт

а а а

Денес во Македонија се направени 43 тестирања за коронавирусот. Од нив три се позитивни. Со ова бројот на заразени во нашата земја се искачи на 70.

- Од трите новодијагностицирани, една пациентка била во Србија, понатаму е бабата на девојчето од Штип која има позитивен тест. И уште еден пациент во Скопје. Градови во кои досега има дијагностицирано се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Сите пациенти се со релативно стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката која е на респираторна машина од синоќа навлезе во критична фаза. Се прават сите напори за дополнителна терапија за поддршка на сите органиски системи, но нејзината ситуација е покритична од изминатиот ден, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Во текот на вчерашниот ден направена е домашна визита кај речиси сите пациенти што се на домашно лекување, а визитата ќе продолжи и денеска. На домашно лекување се пациентите што имаат лесна клиничка слика според предвидените алгоритми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг