“Bella ciao“ одекна од домовите на музичарите – емотивното видео го обиколи целиот свет

Точка

20/03/2020

15:47

2.902

Големина на фонт

а а а

Луѓето масовно остануваат без работа. Не само уметниците и музичарите. Уште полошо – тие остануваат без “животот“, но иако е светот ставен на пауза, тие сепак сè уште го работат тоа што најдобро знаат.

Српскиот народен театар ќе продолжи со работа “од дома“ во наредните месеци...

„Како прва задача, заедно со италијанскиот диригент кој го предводи оркестарот, директорот на опера и Константин Благојевиќ кој што направи аранжман, снимивме наша верзија од популарната “Bella ciao“, како знак на поддршка на сите луѓе ширум светот. За првите неколку часа колку што ова видео се наоѓа на социјалните мрежи, доби многу реакции и беше споделено повеќе пати, особено во Италија“ – соопштиле од Народниот театар во Србија.

Откажувањето на концертите ширум светот, особено во Европа, како последица на ширењето на коронавирусот е голем удар на музичарите. Забраната за масовни собири, која секаде низ светот ги затвори театрите и концертните сали, зад себе ќе остави илјадници уметници ширум светот на раб на егзистенција.  

„Луѓето масовно остануваат без работа. Не само музичарите и уметниците...“

„Ова е наш начин да покажеме како ние, од дома допринесуваме за чувството на солидарност кај луѓето, дека постоиме, дека работиме иако сме спречени да бидеме во нашата матична куќа“ – изјавиле од Народниот театар во Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг