Поради локална трансмисија на Ковид-19, од следната седмица ќе почнат со работа пунктовите за тестирање во Скопје

Точка

19/03/2020

20:06

5.842

Големина на фонт

а а а

„Од наредната седмица со работа ќе треба да започнат пунктови за тестирање во рамките на Здравствениот дом во Скопје, а целта е да се опфатат што повеќе граѓани со оглед на тоа што има локална трансмисија во градот“ – истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент заразени и да ја шират заразата. Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме во текот на следната седмица. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние кои што знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем на борба против вирусот“ - нагласи Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг