Конечно добри вести од Италија: Излекуван првиот пациент третиран со експериментален лек за коронавирус

Точка

19/03/2020

09:45

6.700

Големина на фонт

а а а

Пациент заразен со коронавирус оздравел откако во италијанска болница бил третиран со експерименталниот лек „ремдесивир“.

„Го имаме првото лице кое што оздрави откако беше третирано со експерименталниот лек“, изјави доктор од клиниката за инфективни болести при „Сан Мартино“ во Џенова, Матео Басети.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7-ми март и веќе на две тестирања на коронавирусот резултатите биле негативни.


Пациентот наскоро ќе се врати во Ломбардија, изјави Басети и нагласи дека сите доктори се многу задоволни затоа што се чини дека лекот е успешен. Басети исто така откри дека има уште неколкумина пациенти кои се лекуваат со експерименталниот лек.

Италијанското министерство за здравство вчера одобри тестирање на животни на првата вакцина против коронавирусот, пренесува новинската агенција „АНСА“. Пробната вакцина била направена во лабораториите на компанијата „Такис“ и станува збор за првата ваква вакцина во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг