Шпанскиот крал Фелипе потпиша: Северна Македонија за 72 часа станува членка на НАТО

Точка

17/03/2020

19:15

2.637

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми повикувајќи се на амбасадата на Шпанија во НАТО потврдија дека по гласањето во Сенатот, Кралот на Шпанија Фелипе VI го потпишал ратификациониот инструмент, кој во наредните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон.

Според процедурата, откако седиштето на Алијансата во Брисел ќе добие потврда дека ратификацискиот инструмент е депониран, тоа и официјално ќе значи дека процесот на пристапување на Северна Македонија е завршен и таа е 30-та членка на НАТО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг