Кекеновски во име на коалицијата бара извршителите да ги запрат своите активности и банкарска помош за граѓаните

Макфакс

16/03/2020

10:45

1.329

Големина на фонт

а а а

Владата да воведе кризна состојба на целата територија на државата во времетраење од 30 дена, бара професорот Јове Кекеновски во име на коалицијата која неговата партија ја склучи со Единствена Македонија и движењето Тврдокорни.

Според коалицијата, потребно е претседателот Пендаровски да ги повика лидерите на политичките партии за постигнување на договор за одложување на изборите за одреден период.

Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” , бара Bлада да воведе и пакет мерки против коронавирусот:

– Целосно затворање на границите за сите граѓани од други држави и задолжителна 14-дневна излоација за сите граѓаните кои доаѓаат и од државите кои се означени како држави со ниско ниво на ризик,

– МНР и Министерството за здравство да се потрудат под итно да им помогнат на нашите граѓаните кои се во други држави за да си дојдат дома,

– Итна суспензија на обврската на граѓаните за плаќање на режиски трошоци, даноци и рати за кредит,

– Владата и Народна Банка да изнајдат законски начин да ги задолжат банките да им помогнат на граѓаните, но и на малите у средни компании кои ќе бидат погодени од последиците на корона вирусот,

– Извршителите самоиницијативно да ги стопираат сите нивни активности кои се насочени кон наплата на долгови на граѓаните,

– Да се донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала,

– Одлука за субвеници до 70% од државата за сите погодени компаниии и институции од епидемијата,

– Драстични казни за прекршување на вонредните мерки и препораки,

– Одлука за мобилизиција на целиот медицински персонл, не само во јавните, туку и во приватните установи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг