Папата Франциско вчера го напушти Ватикан за да се помоли за починатите од коронавирусот во една црква во италијанскиот главен град Рим.
Првиот човек на Римокатоличката црква најпрвин ја посети познатата римска црква Санта Марија Маџоре, а потоа пешки се упати кон друга црква.
Папата сам шеташе низ пустите улици на Рим, а според фотографиите, верниците не му приоѓаа, затоа што и тие што се нашле во близина, брзале да купат намирници и веднаш да се вратат во своите домови.