(Видео) Состојбата на една пациентка се влошува, меѓу новозаразените и 15 годишно момче, се затвораат трговските центри

Макфакс

14/03/2020

14:04

5.430

Големина на фонт

а а а

Состојбата на првата пациентка од Дебар кај која што беше дијагноситициран коронавирус во исто време со нејзиниот сопруг, ѝ се влошува и од утрово е приклучена на машина за механичка вентилација со соодветната терапија, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој, исто така, кажа и дека првозаразената пациентка во државава, во понеделник ќе биде пуштена од болница на домашно лекување.

Министерот рече и дека меѓу новите четири случаи од Дебар има 15-годишно момче.

Тестовите на шестмината од Дебар и странецот сè уште не се готови, а непосредно пред пресот, уште двајца наши државјани кои дошле од Шпанија се тестираат за коронавирус.

Резултатите ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.

Филипче информира дека во Скопје нема нови луѓе во карантин поврзани со директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус.

На Инфективната клиника хоспитализирани се девет лица, заедно со првата пациентка која во понеделник ќе биде пуштена. Денеска на клиниката ќе бидат сместени и четворицата нови заразени кај кои вчера беше потврден вирусот. Од вкупниот број заразени, една пациентка е од Скопје, а останатите се од Дебар.

Нови мерки – да се затворат трговските центри, пекарите да работат само преку шалтер

Министерот за здравство, Венко Филипче, по препорака на Комисијта за заразни болести и епидемиолозите денес ќе побара од владата да донесе одлука за затворање на сите трговски центри како мерка за заштита од ширење на коронавирусот. Мерката била договорена утрово.

„Јас денес ќе побарам да се зтворат моловите. Тоа се места со голем ризик од ширење на инфекцијата“, рече министерот Филипче.

Синоќа на терен биле излезени инспекторите од Државниот пазарен инспекторат кои утврдиле дека генерално кафулињата и рестораните ја почитувале мерката за скратено работно време и ги затвориле локалите во 18 часот.

Министерот Филипче извести дека на состаноците посебно станало збор за пекарите, на кои им е дозволено да работат но не и да послужуваат во локалите.

„Апелирам пекарите да се ограничат, доколку е можно, само на шалтерско работење, да нема влегување во објектите“, рече министерот Филипче.